Јуп Хејнкес има полни раце работа да ги дисциплинира скапо платените ѕвезди на Баерн Минхен, откако беше обелоденето дека Артуро Видал со своите пријатели учествувал во тепачка во дискотека во Германија.
Како што информира весникот „Билд“, чилеанскиот ас со својот брат Сандрињо и со уште неколку пријатели влегол во дискотеката, по што почнале да се качуваат по масите и да создаваат проблеми. Откако од обезбедувањето се обиделе да ги отстранат дошло до физички конфликт, при што биле фрлани и шишиња со алкохол кон другите гости во дискотеката.
Како што јавуваат германските медиуми, овој инцидент на Чилеанецот ја прелеал чашата на незадоволство кај челниците на Баерн, кои се решени повеќе да не го толерираат ваквото непрофесионално однесување на својот фудбалер. Тој сигурно ќе биде казнет за своето учество во инцидентот, но исто така Баерн се подготвува и за негова продажба во јануари, најверојатно на екипата на Интер која и во текот на летото се обидуваше да го доведе во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА