Каталонија прогласи независност, и сега…Барселона и останатите, каде ќе играат?

Каталонија прогласи независност, откако парламентот во раните попладневни часови прогласи создавање на Република Каталонија. На тајно гласање, за независност гласаа 70 пратеници, десетмина беа против, а двајца останаа неопределени.

Политиката овојпат и дефинитивно ќе мора да влијае и на спортот. Што ќе се случи сега, со Барселона, Еспањол, Џирона како дел од Ла Лига, но и многу други клубови кои се дел од лигите на Шпанија во сите спортови. Состојбата е навистина сложена, а ситуацијата напната. Едностраното прогласување на независност сигурно ќе има политички последици, но прашање е како тоа ќе влијае и на спортот. Процесот на одвојување на Каталонија од Шпанија сигурно ќе трае долго, а дотогаш клубовите ќе треба да бидат дел од шпанскиот натпреварувачки состав.

Но, што доколку Шпанија и не ги сака во својата спортска структура. Моментно владее голема неизвесност. Според шпанскиот закон за спорт, тимови од „странски“ земји не смеат официјално да се натпреваруваат во тамошните лиги, освен од Андора. Сега Каталонија е сосема нов случај, и ќе треба да се менуваат законите. Дали Шпанија ќе сака тоа да го стори, и што со Каталонија, и пред се со најголемиот спортски бренд Барселона?! Клубовите од Каталонија нема да добијат веднаш самостојно право на настап во УЕФА и ФИФА, а Шпанија би можела да ги исклучи од сите натпреварувања…

 

Се вчитува...