Спасојевиќ стана нов “штрк”

Црногорскиот интернационалец Радосав Спасојевиќ е нов кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром. Тој денеска потпиша договор со македонскиот шампион.

Спасојевиќ игра на позицијата крилен центар и доаѓа на местото на Американец Џенсен кој си замина од тимот. Црногорецот минатата сезона настапуваше за Мега Бемакс и во АБА лигата имаше просек од 9,9 поени и 3,5 скока.

Претходно во кариерата има настапувано за Сутјеска како и за шпанскиот клуб Овиедо.

Се вчитува...