Шкендија го чека Вардар во четвртфиналето од Купот на Македонија!

Шкендија ќе го чека Вардар во четвртфиналето од Купот на Македонија, доколку македонскиот шампион претходно пак успее да ја мине осминафиналната пресметка против Шкупи. Вака одлучи денешната ждрепка во Фудбалската федерација на Македонија за дуелите од ТОП 8 во најмасовното домашно клупско натпреварување.

Покрај овој дуел, интересно ќе биде и во пелагониската пресметка меѓу Пелистер и Победа, додека Академија Пандев ќе се соочи со второлигашот Тетекс.

Натпреварите од четвтрфиналето се играат на 8. и 29. ноември, освен заостанатиот натпревар од осминафиналето меѓу Шкупи и Вардар, кои во овие термини ќе ја водат битката за четвртфинале.

Победникот од пресметката меѓу Шкупи и Вардар ќе игра со Шкендија на 17. декември и 21. февруари 2018 година.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Тетекс – Академија Пандев

Ренова – Скопје

Пелистер – Победа

Шкупи/Вардар – Шкендија

Се вчитува...