Дел од фановите на Михаел Шумахер се лути на неговото семејство зошто не објавува никакви податоци за неговата здравствена состојба. Легендарниот возач во Формула 1 во декември 2013 година настрада на скијање во француските Алпи. Во несреќата Шумахер се здоби со тешки повреди на главата и се наоѓа во тешка состојба. А, неговото семејство во обид да ја сочува приватноста, ги држи во тајност сите информации за состојбата на Шумахер. Тие одржуваат контакт со неговите обожаватели преку социјалните мрежи, објавувајќи фотографии со кои потсетуваат на најважните моменти во неговата кариера. Многу од навивачите на тој начин евоцираат спомени на нивниот омилен лик на Ф1 патеките и често упатуваат пораки со поддршка за семејството. Но, има и дел од фановите го критикуваат вакиот однос, дури и го навредуваат семејството на Шумахер затоа што не ги споделува со нив инфомрациите за неговата здравствена состојба.
„Зошти ги објавуваат овие фотографии, а ништо не јавуваат за неговата здравствена состојба. Михаел е личност од јавниот живот и ние мора да знаме како му е!“ – пишува во еден од коментарите од обожавателите на галеријата фотографии на Михаел Шумахер снимени пред неколку години, пред трката за ГН на САД, кога германскиот возач за еден американски магазин позираше во каубојска облека.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА