Напаѓачот на Кристал палас, Кристијан Бентеке ќе ги пропушти следните четири до пет недели откако Белгиецот ја обнови повредата на коленото. Бентеке веќе еден месец не е на располагање за Рој Хоџсон, според првичните информации неговото враќање на терените требаше да биде во најскоро време, но од клубот денес соопштија дека состојбата на неговата повреда се влошила.
„Опоравувањето на Бентеке ќе трае уште минимум четири недели. Ни беше кажано дека повредата ќе трае од шест до осум недели, но Кристијан веќе работи на неговото закрепнување, сепак јасно е дека нема да биде во конкуренција за мечот кој ни претстои овој викенд“, изјави Хоџсон.
Кам-бекот на Бентеке најверојатно ќе биде кон крајот на ноември, а до тогаш Хоџсон ќе мора да се потпре на напаѓачките опции, Вилфред Заха, Андрос Таунсенд, па дури и Бакари Сако.
Кристал палас во сабота ја пречекува екипата на Вест хем, градското дерби е директен пресрет на двете екипи кои се на дното на табелата во Премиер – лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА