Легендарниот шпански голман Икер Касилјас бара излез да си замине од Порто, откако е во немилост на раководните структури во клубот, а би можел да се пресели во Премиер – лигата. Како што информираат медиумите на Островот, Ливерпул е заинтересиран да го доведе искусниот чувар на мрежата во своите редови.
Јирген Клоп има голема мака со голманите, ниту Симон Мињоле, ниту Лорис Кариус, не се на висина на задачата, па ќе се обиде да го доведе Касилјас во јануари, и тоа како позајмен фудбалер од Порто, до крајот на сезоната. Касилјас иако има 36 години, се уште може да брани на врвно ниво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА