Струмичани беа загревање за МЗТ пред Црвена звезда (фотогалерија)

МЗТ Скопје по подолга пауза повторно игра од самиот старт на домашното првенство, а јасно е дека со овој ростер „металците“ ќе немаат проблем да победат против поголем дел од ривалите. Така беше и вечерва во Струмица, меч што на шампионот му послужи како загревање за претстојниот АБА-дуел со Црвена звезда, закажан за понеделник.

Трајковски доби заслужен одмор, Маслинко и Мекиќ ја искористија минутажата што ја добија, додека останатите играчи ја распределија минутажата, за рутински триумф. Струмичани шансата за прва победа ќе мора да ја бараат против далеку послаби ривали, по трите победи во низа со кои оваа екипа ја стартуваше новата сезона.

[new_royalslider id=”825″]

Се вчитува...