МЗТ Скопје забележа уште една рутинска победа во домашното првенство, втора во третото коло откако „металците“ вечерва славеа на гостувањето во Струмица со резултат 77-95.
Александар Тодоров на овој натпревар реши да го одмори Бојан Трајковски, но тоа не се одрази врз играта и резултатот, актуелниот првак уште од самиот почеток наметна темпо што домаќините не можеа да го следат, на половина од првата четвртина стигнувајќи до двоцифрена предност (6-16). Првата четвртина заврши со резултат 16-31, МЗТ потоа на одмор замина со убедливи 35-61, за потоа гостите да намалат со ритамот во вторите 20 минути, овозможувајќи им на струмичани да се приближат до конечните 77-95.
Мекиќ и Маслинко беа најефикасни во редовите на МЗТ Скопје со по 16 поени, користејќи ја поголемата минутажа што ја добиваат во домашното првенство. Најдобри поединци кај Струмица во денешниот пораз беа Тајлер со 17 и Тајнс со 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА