Францускиот клуб Пари Сен Жермен мора да распродава дел од фудбалерите во зимскиот преоден рок за да го задоволи финансискиот фер-плеј, а ја разгледува опцијата Аргентинецот Хавиер Пасторе да го врати во Италија. За него постои интерес од калчолигашот Интер, кој одлично го стартуваше шампионатот и има аспирации да се бори за „скудетото“.
Од друга страна, ПСЖ е заинтересиран за португалскиот интернационалец од редовите на „нероаѕурите“, Жоао Марио, кој не успеа да се наметне кај тренерот Лучијано Спалети. Можно е оваа размена да се реализира во јануари, по што и двата клуба би добиле профили на фудбалери какви што во моментот им недостасуваат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА