Срамота: Охрид загуби со 50 поени разлика дома во АБА2 лигата

Екипата на Охрид во рамките од третото коло претрпе уште еден убедлив пораз во рамките од АБА2 лигата, со што македонскиот претставник остана закопан на последната позиција од ова регионално натпреварување. Овојпат охриѓани на домашен терен го имаа тимот на Вршац, но гостите од Србија доминираа во текот на сите 40 минути и заслужено стигнаа до нови бодови триумфирајќи со преубедливи 61-111. За македонскиот тим останува прашањето која е поентата да се биде дел од АБА2 кога е јасно дека не може да се состави ниту просечен респект, па редовно се губи двоцифрено од екипите од „вториот ешалон“ во регионот.

Вршац го отвори мечот со водство од 0-7, охриѓани експресно се вратија и израмнија на 9-9 но тоа беше се што македонскиот тим успеа да стори. Гостите набрзина повторно се одлепија, првата четвртина ја завршија со предност од 18-28, а потоа со фуриозна игра во вториот период на одмор заминаа со уште поубедливи 32-53. Доминацијата на српскиот тим продолжи и во вторите 20 минути, во кои охриѓани беа немоќни да ги запрат налетите на Вршац, за овој натпревар да заврши со преубедливи 50 поени разлика.

Бери со 23 и Цонков со 21 поен беа единствените двајца со двоцифрен ефект, додека сите останати кошаркари на Охрид постигнаа вкупно 17 поени

Се вчитува...