Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал Келаифи, утрово се појави на сослушување во канцеларијата на јавниот обвинител на Швајцарија, поради истрагата за мито и корупција. Тој е осомничен дека го подмитил поранешниот Генерален секретар на ФИФА, Џером Валке, за да ги добие ексклузивните ТВ права за неговата компанија „Беин Медиа“ за светските првенства во 2026 и во 2030 година, за зоните во Северна Африка и Средниот Исток.
Ал Келаифи успешно ги избегнал телевизиските камери при влезот во Обвинителството, но, сепак, портпаролот извести дека сослушувањето е веќе започнато.
„Почна сослушувањето на осомничениот во 9.45 часот, во Канцеларијата на јавниот обвинител на Швајцарија. Тоа ќе трае со часови, поради потребата од преведување, но и поради многуте прашања на кои треба да се дадат одговори“, изјави Андре Марти, портпаролот на Обвинителството на Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА