Кошаркарите на Кливленд славеа против Чикаго со 119-112 на синоќешниот дуел во НБА лигата во кој повторно доминираше Леброн Џејмс.
„Кралот“ после повеќе од 12 години почна дуел на позиција плејмејкер, но покажа дека и тоа не му претставува никаков проблем постигнувајќи 34 поени, со 13 асистенции и 2 скока. Го следеше Кевин Лав исто така со „дабл-дабл“ ефект од 20 поени и 12 скока.
Кај Чикаго булс се истакна Џастин Холидеј со 25 поени, а младиот Лаури Марканен мечот го заврши со 19 поени и 8 скока.Бостон полека се опоравува од лошиот почеток на сезоната и пехот кој ги затекна со повредата на Гордон Хејворд, па запиша втора едноподруго победа овој пат на Њујорк со 110-89.
Браун беше најефикасен со 23 поени, еден помалку имаше Татум, додека Кајри Ирвинг запиша 20 поени дополнети и со 7 асистенции.
Орландо му се реваншираше на Бруклин за претходниот пораз сега победувајќи со 125-121. Партија на кариерата имаше Арон Гордон кој постигна 41 поен и дополни со 14 скока, а одлично го следеше Еван Фурние со 28 поени.
Дианџело Расел го предводеше Бруклин со 29 поени и 5 скока, додека Холис-Џеферсон имаше 18 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Чикаго 119-112, Орландо – Бруклин 125-121, Бостон – Њујорк 110-89, Минесота – Индијана 107-130, Портланд – Њу Орлеанс 103-93, ЛА Клиперс – Јута 104-82
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА