Хамес Родригез е чекор поблизу до заминување од Баерн Минхен откако беше казнет од страна на тренерот Јуп Хејнкес и воопшто нема да патува со тимот за утрешното гостување од Купот на Германија против Лајпциг. Хејнкес инсистира на челична дисциплина и го лимитира користењето на социјалните мрежи, се со цел фудбалерите што повеќе да се зближат со меѓусебна комуникација, но на искусниот стратег не му се допадна твитот на Хамес, кој по повредата на Томас Милер напиша: Чекам шанса и останувам позитивен.
Хејнкес веднаш пресече, па Колумбиецот наместо стартер нема да биде ниту резерва дури и во ситуација кога Милер е повреден, што е јасен знак за Хамес да почне да си бара нов клуб. Тој дојде во Минхен на двогодишна позајмица од Реал Мадрид и како што стојат работите најреална е опцијата Родригез во јануари да се врати назад на „Сантијаго Бернабеу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА