Македонската фудбалска репрезентација до 15 години загуби од соодветната селекција на Турција со 0-5 на првиот од двата контролни натпревари на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Од самиот почеток силната гостинска репрезентација го контролираше дуелот и заслужено славеше убедлива победа. Во првиот дел погодија Емре Демир и Омер Фарух, додека во продолжението во листата на стрелци се запишаа уште Селман Фарух, Емре Јигид и повторно Омер Фарух.
Во првиот дел Македонија имаше шанса да реализира преку Дарко Марковски, а шанса не искористи и Славче Живков.
Во четврток двете селекции ќе го одиграат вториот пријателски натпревар.
Македонија до 15 години: Филип Ваневски, Давид Алиоски, Андреј Стојчевски, Стефан Деспотовски, Елмадин Рамадани, Октај Рекипи, Дарко Стојановски, Бехар Фета, Дарко Марковски, Марко Мишовски и Десмир Елези;
Стефан Митрев, Виктор Шаурек, Ване Крстевски, Грегори Давков, Славче Живков, Лука Ѓурѓиевским Дамјан Ќосевски, Енсер Рамадани, Реџеп Самет и Кристијан Николовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА