Еден од најголемите таленти од пионерската школа на Баерн Минхен, Мартин Мисовски ќе биде дел од македонската репрезентација за играчи до 15 години која наредниве денови во Скопје ќе одигра два пријателски натпревари со соодветната селекција на Турција.
Мисовски, кој е со македонско потекло, а фудбалските чекори ги минува во германскиот гигант, е повикан на октомврискиот собир на селекцијата до 15 години. Важи за еден од најталентираните фудбалери на Баерн во неговата генерација.
Македонија утре на стадионот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје ќе го одигра првиот од двата предвидени пријателски натпревари со Турција. Вториот тест е закажан за во четврток, 26. октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА