Враќањето на кружните автотрки во Скопје за жал го одбележа сериозен инцидент, и тоа во последната трка откако српскиот автомобилист Урош Бркиќ со автомобил Хонда излета од патеката и удри во еден од организаторите на трката, легендата на овој спорт во Македонија, Александар Димушевски, кој се наоѓаше крај самата патека.
Инцидентот се случи на тринаесет круга до крајот на трката во четвртата дивизија. Димушевски се здоби со сериозни повреди… Веднаш реагираа медицинските лица, повредениот со возило на Брза помош беше одведен во болница, а трката е прекината.
Од МВР на РМ и Итната медицинска помош најавија дополнителни информации околу целиот инцидент и повредените во истиот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА