Исходот од денешниот дуел на Милан против Џенова може да биде пресуден за тренерот Винченцо Монтела. Ако Милан го загуби мечот речиси е сигурно дека Монтела ќе сменет, а како прва опција за негов наследник веќе се споменува Џенаро Гатузо.
Поранешниот фудбалер на Милан, сега работи како тренер со помладите категории во клубот. Но, бидејќи новите сопственици не се задоволни од резултатите што ги има сениорскипот тим на почетокот од сезоната, можно е Гатузо набрзо да го преземе првиот тим на Милан.
Трите порази во серија од Сампдорија, Интер и од Рома, ја отежнуваат позицијата на Милан на табелата, а Монтела го ставаат на „тенок мраз“. Токму порди тоа директорите на клубот, Марко Фасoли и Масимилијано Мирабели најавија дека дуелот со Џенова може да биде клучен за идните потези.
Според италијанските медиуми, тренерска смена во оваа фаза на сезоната, може уште повеќе да ја влоши ситуацијата во Милан бидејќи на играчите ќе им треба време да се привикнат на новиот тренер и на новиот систем на работа. Како потенцијални замени за Монтела веќе се споменуваа Пауло Соуза и Валтер Мацари, но според последните најави, најблиску до клупата е легендата на Милан, Џенаро Гатузо.
Милан моментно е на 10.место на табелата во Серија А со 12 бода од осум одиграни натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА