Бразилскиот напаѓач Нејмар повторно е во центарот на вниманието на француските медиуми откако се впуштил во отворена расправија со тренерот на ПСЖ, Унаи Емери на последниот тренинг.
Како што пишува угледниот „Л’Екип“, Унаи Емери се одлучил на тренингот да ги поштеди, со полесни вежби, играчите кои играа против Андерлехт во ЛШ. На тоа се налутил Нејмар кој наводно сакал да тренира со топка барајќи да го смести со играчите кои одработувале полн тренинг. Но, не добил дозвола за такво нешто од Емери.
Веднаш потоа, лутиот Нејмар нервозно ја шутнал топката вербално напаѓајќи го Емери, кој го отстранил од тренингот. Според најавите Нејмар го чека казна од клубот, и изоставање негово од тимот за вечерашниот меч против Марсеј.
Како што е познато, Нејмар претходно имаше недоразбирања со Единсон Кавани кој истакна дека не е и не може да биде со Бразилецот пријател надвор од терените. На натпреварите, професионално, одлично соработуваат. Останува да се види, дали ПСЖ ќе реагира по новиот инцидент во кој се најде бразилската ѕвезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА