Марк Маркез направи уште еден огромен чекор напред кон нова титула во Мото ГП шампионатот откако Шпанецот успеа да слави на трката што се возеше на „Филип ајланд“ патеката, за австралиското гран-при.
За Маркез ова беше шеста победа сезонава, но уште позначајно за Шпанецот е што неговиот главен ривал за титулата, Андреа Довициозо, тотално потфрли освојувајќи го само 13. место на денешната трка. Зад победникот денеска се најде Валентино Роси, додека третото место му припадна на Маверик Вињалес, зад кого следеа Зарко, Крачлоу, Јаноне…
Сега Маркез има предност од огромни 33 бода во однос на Довициозо, на само две трки до крајот на Мото ГП шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА