Ракометарите на Пролет со триумф во дерби пресметка од 6. коло во ВИП Суперлигата на гостувањето против Охрид, ќе го чекаат својот нов тренер Никола Матлиески кој од утре треба да ја преземе клупата на скопјани.
Пролет денеска славеше против Охрид со 19-21, иако пред само неколку денови остана без својот долгогодишен тренер Илија Темелковски кој се пресели на клупата на Еурофарм Работник. Од утре нов тренер на Пролет треба да биде Матлиески, кој досега го предводеше тимот на Металург 2.
Најефикасен во редовите на Пролет во денешната победа над Охрид беше Филип Ролевски со 8 постигнати гола, а по три постигнаа Андоновски и Џонов. Кај охриѓани по три гола запишаа Младеновски, Тасески, Адамовиќ и Димитријески.
Илија Темелковски, пак, дебитираше со триумф на клупата на Работник. Битолчани убедливо со 31-24 славеа против Борец. Во третиот денешен натпревар Металург 2 ремизираше (24-24) на гостувањето против Радовиш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА