Англискиот премиерлигаш Ливерпул би можел во јануари да добие значајно засилување, и тоа од големиот ривал Манчестер јунајтед. Менаџерот Јирген Клоп долго време размислува за адекватно решение на левата бековска позиција и се чини дека го пронајде на „Олд трафорд“. Германскиот стратег сака да го ангажира Лук Шо, поранешниот англиски репрезентативец, кој не се снајде најдобро во редовите на Манчестер јунајтед. Неговата кариера отиде во надолна линија поради бројните повреди, но секако се работи за одличен фудбалер.
Клоп е подготвен да му даде нова шанса, а се чини дека Лук Шо би се вклопил идеално во офанзивниот пристап на „црвените“. Од друга страна, Жозе Мурињо одамна не смета на неговите услуги и ќе му дозволи да си замине од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА