Младата женска репрезентација на Македонија за фудбалерки до 19 години нема никакви шанси за минување на квалификациската група за пласман на ЕП, но од квалификациите во Австрија се издвои фактот дека по годините пауза и повторно враќање во квалификацискиот циклус македонските девојки не се повеќе така лесно „топовско месо“ за европските селекции.
Во вториот натпревар од квалификациската група, Македонија загуби од Австрија со 2-0, и тоа откако домашните фаворитки не „урнаа“ во самиот финиш од средбата со головите на Шарнбок во 80. минута од средбата, и Брунталер во 92. минута.
Претходно, македонските девојки загубија со 5-1 од Белгија. Во последниот натпревар од квалификациите, во понеделник играме против Хрватска, која исто така досега има два порази од Белгија (0-7) и од Австрија (0-4).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА