Марк Маркез стигна до пол-позицијата за утрешната трка од Мото ГП во Австралија, откако одлично мина низ денешните квалификации, а притоа оставајќи го и најголемиот ривал за титулата, Довициозо далеку зад него на почетокот на трката.
Шпанецот со својата Хонда стигна до најбрзо време во квалификациите пред Маверик Вињалес и Јоан Зарко кои исто така обезбедија прв ред, додека Довициозо кој има 11 поени помалку во генералниот пласман, ќе стартува од 11-та позиција и ќе има тешка задача да стигне до поволен резултат на „Филип Ајленд“.
Валентино Роси утре ќе стартува од седмата позиција, додека Хорхе Лоренцо утрешната трка ќе ја почне од 16-то место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА