Антиќ открива за еден момент пред мегданот со Барса: Се договоривме и остваривме!

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ не го крие воодушевувањето од атмосферата во „Пионир“ и победата од 90-82 против големата Барса во синоќешниот натпревар во Евролигата.

На крајот, Антиќ кој мечот го заврши со 10 поени и 9 скока, доби овации од навивачите на Црвена Звезда за одличната партија…

„Тоа мора да се доживее, не знам како да го опишам. Како што во кафеана се оди за музика, тука се гине на терен кога ќе се излезе пред ‘Делиите’. Феноменално е кога ќе ја слушнеш нивната песна. Сите знаат колку ги сакам, уживам кога играм пред нив“ – истакна Антиќ, кој открива дека со соиграчите имале и една „мала игра“ пред дуелот со Барселона.

„Се договоривме сите што веруваат во победа над Барселона да дојдат порано пред мечот. И сите во ‘Пионир’ дојдовме многу порано од вообичаеното. Дојдовме и остваривме. Знаевме дека ќе биде многу тешко, но имавме добра реакција по оние два порази. Играчите треба и да се навикнуваат на игра во една ваква атмосфера“.

Antic so Barselona

Македонскиот центар игра речиси по едно полувреме на дуелот за белграѓани на стартот од сезоната, иако договорот можеби и беше малку поинаков…

„Се договоривме да играм колку што ќе можам. Но кога ќе се појавите во една ваква атмосфера едноставно добивате енергија и не размислувате за ништо друго освен да го дадете најдоброто од себе. Па, така доаѓам да играм и по цело полувреме“ – вели Антиќ.

 

Се вчитува...