Фудбалерот на Ватфорд, Ричарлисон Де Андраде, пред утрешната средба со Челси во Премиер – лигата, го коментира својот недостаток на страв, кога станува збор за големиот предизвик кој му претстои. 20-годишниот Бразилец вели дека воопшто не го плаши дуелот со англискиот шампион, се соочувал и со многу посериозни ситуации во своето родно место.
„Се сеќавам на една ситуација кога бев помал, таму каде што живеев, еден човек ми се закануваше со пиштол на челото мислејќи дека сум дилер на дрога кој сака да му ја превземе околината во која тој прави „бизнис“. Тогаш беше мојот живот во прашање, па играњето против Челси по таква случка е најлесното нешто со кое ќе се соочам во животот“, вели Ричарлисон.
Бразилскиот напаѓач кој летово пристигна од редовите на Флуминенсе за 11 милиони фунти, ужива во добриот старт на сезоната во дресот на „стршлените“. На осум натпревари постигна три погодоци, а забележа и две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА