Реал Мадрид носи уште еден супер-талентиран Бразилец во екипата, од тимот на Палмеираш следното лето ќе пристигне Алан Соуза. „Кралевите“ постигнаа вербален договор со бразилскиот тим околу ангажманот на 17-годишниот офанзивен играч за врска, сега треба да најдат компромис за цената, а самиот фудбалер има клаузула од 50 милиони евра. Сепак, Реал најверојатно ќе се договори за многу пониска сума, за разлика од претходно договорениот вундеркид Винициус од Фламенго, за сума од 45 милиони евра.
Младиот Алан со својата игра потсетува на ѕвездата од Ливерпул, Фелипе Кутињо, а според информациите на шпанскиот медиум „АС“, Реал со преговори започнале уште од март месец. Засега голем дел од трансферот е договорен, секако ќе се реализира откако Алан ќе наполни 18 години.
Заедно со Винициус, Алан Соуза ќе ја претставува инднината на европскиот шампион. Веќе е лидер на репрезентацијата на Бразил, на Светското првенство до 17 години со селекцијата стигна до четвртфиналето, а таму во недела ќе се пресметаат со Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА