Роман Бурки останува „милионер“ до 2021 година

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд одлучи да го продолжи договорот со својот прв чувар на мрежата, Роман Бурки. Швајцарскиот репрезентативец стави потпис за продолжување на соработката со „милионерите“ до 2021 година.

Тој пред две сезони дојде од редовите на Фрајбург и веднаш се наметна како прва опција за голманската позиција, а претходно настапуваше во швајцарските клубови Грасхоперс, Шафхаузен, Тун и Јанг Бојс. Досега Роман Бурки запиша 123 настапи во дресот на Борусија Дортмунд.

 

Се вчитува...