Шукер демантира: Анчелоти нема да биде селектор на Хрватска

Информацијата на „Газета дело спорт“ дека Хрватскиот Фудбалски Сојуз разговара со Карло Анчелоти за преземање на селекторската функција на „коцкестите“ одекна како „бомба“ во фудбалска Европа. Сепак, тоа беше демантирано од страна на првиот човек на хрватскиот фудбал, Давор Шукер, кој негираше дека имал било каков контакт со славниот италијански стратег.

Разочаран сум што светски угледен медиум како „Газета“ е извор на вакви дезинформации, какви што вообичаено пласираат помалку респектабилни весници во потрага по сензации. Немало разговори со Анчелоти ниту ќе има, нашиот селектор Златко Далиќ и сите ние сме фокусирани исклучиво на средбите против Грција во баражот за СП“ – изјави Шукер.

Откако Далиќ ја донесе Хрватска до бараж, јасно е дека доколку тој успее да ја мине Грција ќе добие шанса и на претстојниот мундијал. Што се однесува до Анчелоти, трофејниот стратег најави дека планира да одмори до крајот на сезонава, а како негови можни дестинации за следното лето се најавуваат поранешните клубови Милан и Јувентус.

 

Се вчитува...