Кошаркарите на Охрид во рамките од второто коло од АБА2 лигата го претрпеа и вториот убедлив пораз, овојпат на гостувањето во Црна Гора против Ловќен со 94-72.
Охриѓани парираа само неколку минути, откако по предноста од 5-7 домаќините направија серија од 13-3 и ја презедоа контролата над резултатот. Македонскиот претставик се приближи и на стартот од втората четвртина, доаѓајќи само на „минус два“ (27-25), но Ловќен повторно додаде гас, во 16. минута поведе со 40-30 и не само што одржуваше двоцифрена предност, туку црногорскиот тим на крајот славеше со преубедливи 22 поени разлика.
Рос беше најефикасен кај охриѓани со 23 поени, пред Бери со 16 и Цонков со 15 поени, премалку за да се поправи слабиот впечаток оставен на овој натпревр.
Охрид во третото коло ќе го пречека тимот на Вршац, меч закажан за следната среда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА