Тетовска Шкендија последна обезбеди денеска пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија откако славеше со 3-2 по пеналите против екипата на Работнички.
Реванш дуелот во Тетово во регуларниот дел заврши без победник (1-1), идентично како и на пресметката во Скопје. Па потоа се прејде на изведувањето на пеналите.
А, од белата точка, кај Работнички не реализираа Херера, Митрев и Миле Тодоров, додека Божиновски на спротивната страна единствено го одбрани ударот на Бесарт Ибраими.
РЕЗУЛТАТИ КУП НА МАКЕДОНИЈА – ОСМИНАФИНАЛЕ (реванш дуели)
Струга Трим Лум – РЕНОВА 2-2 (2-3)
ШКЕНДИЈА – Работнички 1-1 (1-1) – 3-2 НА ПЕНАЛИ
ПОБЕДА – Брегалница 5-1 (3-2)
Борец – ПЕЛИСТЕР 1-3 (2-4)
Еуромилк ГЛ – СКОПЈЕ 0-3 (0-3)
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – Силекс 5-0 (0-1)
ВЧЕРА
ТЕТЕКС – Кожуф 3-2 (2-2)
-
Во заградата се резултатите од првите средби
ВАРДАР – ШКУПИ (8. и 29. ноември)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА