Крег Шекспир повеќе не е менаџер на Лестер откако денеска доби отказ од оваа функција по серијата слаби игри на „лисиците“ на стартот од оваа сезона.
Ремито од 1-1 на домашен терен против ВБА беше само уште еден доказ за немоќта на овој стратег да го извлече максимумот од тимот кој славеше само три пати сезонава, од кои два пати во рамките од Лига-купот на Англија. Токму затоа, денешиот состанок со управата значеше и крај на авантурата на 53-годишниот стручњак на чело на поранешниот првак на Премиер-лигата.
Шекспир го презеде раководењето со тимот откако му беше врачен отказ на Клаудио Раниери, успеа и да ја воскресне екипата со неколку одлични резултати, поради што потпиша и перманентен договор како менаџер на „лисиците“.
Лестер има само шест бода по првите осум кола од Премиер-лигата и моментно се наоѓа на 18. позиција, во следното коло „лисиците“ ќе му гостуваат на тимот на Свонси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА