Фудбалскиот сојуз на Црна Гора информираше дека УЕФА покренала истрага за два натпревари од нивните првенства, кои се под сомнеж околу регуларноста.
Под лупата на Европската куќа на фудбалот се дуелите Искра – Дечиќ (4-1) од Првата лига и Олимпик – Челик (6-1) од Втората лига во Црна Гора. Комплетната документација од УЕФА, Федерацијата на Црна Гора ја предадла на надлежните државни органи, полицијата и судовите.
Ова не е прв пат натпревар во Црна Гора да биде доведен под сомнение за месетење резултат. Минатата сезона повеќе натпревари беа под истрага, но немаше конкретни докази.
И во 2015 година во полициска акција „Тип“ беа уапсени пет фудбалери кои беа осомничени дека местеле натпревари и за себе или за други лица прибавиле 75 илјади евра. И тогаш истрагата не даде резултати и фудбалерите беа ослободени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА