Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром одигра одличен меч во Лакташи и ја совлада Игокеа на гости со 99-108, остварувајќи ја втората победа во АБА-лигата оваа сезона. Целокупниот тим на „металците“ одигра речиси совршено, а Ерик Гарсија стана и најдобар асистент во изминатото четврто коло.
Американскиот плејмејкер имаше осум асистенции на натпреварот со Игокеа и го подели епитетот на „крал на асистенциите“, заедно со Најџел Кол Вилијам-Гос. На третата позиција се најде разигрувачот на Црвена Звезда, Тејлор Рочести.
Во останатите категории, Јуре Лалиќ е второрангиран во процентот на шут од поле. Тој имаше 85,7 %, односно погоди шест од седум шутеви кон противничкиот кош.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА