Италијанскиот првак Јувентус загуби во Торино од Лацио со 1-2 и се повеќе заостанува зад Наполи на врвот на табелата во Серија А. Пауло Дибала во седмата минута од судиското продолжение пропушти шанса барем да донесе реми, откако не реализира пенал. Неговиот удар го одбрани противничкиот голман Томас Стракоша, и тоа е втор нереализиран пенал по ред за Дибала, откако промаши и победа против Аталанта (2-2).
Но, тренерот Масимилијано Алегри има максимална доверба во Аргентинецот и вели дека тој повторно ќе ги изведува ударите од белата точка.
„Дибала и понатаму ќе ги изведува пеналите за Јувентус, дури и ако продолжи да биде неуспешен. Но, јас знам дека тој е еден од најдобрите изведувачи на пенали во тимот. Тој беше на клупата за резерви затоа што одработи само половина тренинг откако се врати од репрезентативните обврски во Јужна Америка. Мене повеќе ме загрижува формата на целиот тим, и како испуштивме пет бода во последните два меча. Но, одиме понатаму, ќе работиме напорно, Јувентус никогаш не се предава“, изјави тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри по вчерашниот пораз од Лацио во Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА