Германскиот бундеслигаш Херта Берлин е првиот фудбалски тим кој им се придружи на тимовите од НФЛ – лигата во САД, кои со клекнување изразуваат протест против расната дискриминација која ја протежира претседателот на САД, Доналд Трамп. Фудбалерите на Херта, како и членовите на стручниот штаб, пред самиот почеток на мечот против Шалке 04 од Бундес-лигата, изразија поддршка за играчите од НФЛ.
Клубот ја истакна својата иницијатива и на Твитер. „Херта застанува зад толеранцијата и одговорноста“, стои на официјалниот профил на Твитер на германскиот фудбалски прволигаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА