Карпош соколи без премногу мака стигна до втората победа во домашното првенство во рок од само неколку дена, совладувајќи ја Струмица со резултат 94-77.
Опуштени по големиот триумф над МЗТ во четвртокот, „соколите“ не одиграа на посакуваното ниво во првата четвртина, што гостите неочекувано ја добија со 15-20. Сепак, ситуацијата на теренот се промени во вториот период, што актуелниот вицепрвак за десет минути ја доби so 34-15. Убедливата предност му овозможи на тренерот Даскаловски да им даде шанса и на дел од помладите кошаркари, тоа воопшто не се одрази на резултатот, па Карпош соколи заслужено славеше со конечни 17 поени разлика.
Лабовиќ и Браун постигнаа по 14, а Николовски и Јакимовски по 11 поени за победничкиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА