Легендарниот Мајкл Џордан, сегашен сопственик на Шарлот Хорнетс, ги критикуваше „супер-тимовите“ кои го менуваат концептот на НБА-лигата, и смета дека многу лошо ќе влијае на останатите тимови. Доминацијата на Голден стејт и Кливленд во последниве неколку сезони ги натера останатите франшизи како Бостон, Оклахома, Хјустон да ја користат нивната филозофија. Ангажманите на неколку ѕвезди и обидот да се создадат нови „супер-тимови“ за да ја срушат таа хиерархија, е критикуван од страна на според многумина најдобриот кошаркар на сите времиња.
„Од компетитивна гледна точка, овој нов „тренд“ ќе и наштети на НБА-лигата. Ако продолжи вака, секогаш ќе има само еден и два „супер-тимови“, а останатите 28 ќе бидат тотална катастрофа. Секој играч ќе сака да игра со „најдобриот“, или пак да биде дел од „шампионски“ тим. Во најмала рака, останатите клубови кои водат различна политика, ќе имаат проблем да преживеат во економската сфера“, истакна Џордан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА