Насри: Бев на смртна постела, а никој не дојде да ме посети…

Францускиот фудбалер Самир Насри во текот на својата кариера имаше мноштво испади на и надвор од терените. Но, и покрај фактот дека има „зовриена глава“, Насри зад себе има солидна кариера. Играше за Марсеј, Манчестер сити и Севилја, а во моментов е член на турската Анталиха.

Во разговор за „Канал плус“, Насри истакнува дека во 2008 година и животот му бил сериозно загрозен а разочарувачко никој не сакал да го посети…

„Имав менингитис (воспаление на мозочната обвивка). Минав во болница 12 дена и тогаш открив какви се луѓето навистина. Никој од моите таканаречени пријатели не ме посети, иако бев на смртна постела. Бев сосема сам, без никого покрај мене. После тоа, откако ја надминав болеста, луѓето тврдеа дека сум арогантен, дека парите ме променили, пишуваа се и сешто за мене. А јас само се освестив на време… После тоа што го доживеав во 2008 година веќе не верував никому освен на самиот себе. Морав да се променам и да станам тоа што сум сега“ – вели Насри.

Французинот оваа сезона одигра четири натпревари за новиот клуб, постигнувајќи и два гола.

Се вчитува...