Роџер Федерер ја оправда фаворитската улога на дуелот со Ришар Гаске, тримфирајќи со максимални 2-0 во сетови во четвртфиналето од Мастерс-турнирот во Шангај. Иако францускиот тенисер се покажа во добро светло, сепак Гаске немаше сили за изненадување откако Федерер покажа класа во клучните моменти од мечот, најпрвин во финишот од првиот сет (7-5), за потоа и во вториот дел да направи брејк и да стигне до заслужена победа.
Следен противник на Швајцарецот ќе биде Хуан Мартин дел Потро, кој денеска го совлада Виктор Троицки со 2-1 во сетови. Охрабрен по победите над Тием и над Иснер во претходните два дена, Троицки одлично го почна и денешниот дуел, поведе со 0-1, но потоа Дел Потро влезе во ритам, ги доби следните два сета со 6-1, 6-4 за место меѓу најдобрите четири тенисери на овој мастерс-турнир.
Само за потсетување, во првото полуфинале во Шангај силите ќе ги одмерат Рафаел Надал и Марин Чилиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА