Филип Талески со тимот на Рајн Некар Левен ја потврди фаворитската улога и слаше победа против ППД Загреб со 24-19 во натпреварот од 5.коло во групата А од Лигата на шампионите. За германскиот шампион ова е трета победа ви натпреварите од ЛШ покрај двете нерешени средби, и бодови што му носат лидерска позиција во групата.
„Лавовите“ речиси во текот на целиот натпревар имаа контрола на играта и на резултатот. Хравтскиот шампион успеваше да му парира на домаќинот само во првите десетина минути кога на двапати имаше и по два гола предност. Но, потоа Рајн Некар Левен наметна ритам, домаќините постигнаа четири, а примија само еден гол и поведоа со 7-5 и останаа во позитива до крај. На полувремето Рајн Некар Левен имаше предност од 15-11, а во вториот дел германскиот тим стигна и до највисоки +8 (29-21) и на крај славеше со 31-24.
Филип Талески постигна еден гол за Рајн Некар Левен во чиј состав најефикасни беа Хендрик Пекелер со осум и Матс Ларсен со седум гола. Кај Загреб прв стрелец беше Жарко Марковиќ со пет погодоци.
Во првиот натпревар од А групата во ова коло, вчера, ПИК Сегед против Висла Плоцк во гости со 27-33, а в сабота се играат преостанатите два натпревари од ова коло – Вардар ја пречекува Барселона, а Нант е домаќин на Кристијанштад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА