Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Филипе Луис го критикуваше однесувањето на младите фудбалери во денешниот фудбалски свет. Бразилскиот бек смета дека скоро ниту еден од денешните млади играчи не се однесуваат професионално, а фактор поради тоа се големите заработувачки.
„Младите играчи како да живеат во балон, не го разбираат реалниот свет, не приметуваат ништо што се случува околу нив. И јас бев таков, премногу пиев, останував до доцна во ноќта, се однесував како идиот. Но, имав среќа, го имав моето семејство да ми го покаже вистинскиот пат. Не ни помислував колкава привилегија е да играш фудбал. Овие „клинци“ мислат дека осум тетоважи на телото, брендирани торбички и чевли од 400 евра ги прави ѕвезди, дека со тоа добиваат и респект, но тоа само покажува дека фудбалот им е во втор план. Најголем виновник за тоа се парите. Вложувањето на огромни пари го уништи духот на овој спорт. Зборуваат за некаков притисок, да, тој постои, но само за време на натпреварите. Мачно ми е да ги слушам како се жалат дека им е тешко. Тие се преплатени да ја работат работата што ја сакаат. Фудбалот е најлесна работа во светот. Со неколку тренинзи неделно и два-три натпревари заработуваме суми кои се незамисливи за некои луѓе. Затоа немојте да зборувате дека ни е тешко, има луѓе кои се жртвуваат за секое евро“, искрено изјави Луис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА