Менаџерот на англискиот премиерлигаш Арсенал, Арсен Венгер, ќе го нема на располагање германскиот репрезентативец Шкодран Мустафи во наредните триесетина дена. Тој го повреди бутниот мускул на десната нога на квалификацискиот меч меѓу Германија и Азербејџан, и ќе пропушти неколку значајни натпревари на „топчиите“.
Германецот нема да може да настапи на мечевите од Премиер – лигата против Ватфорд, Евертон, Свонси и против Манчестер сити, а надежта на Венгер е дека ќе се врати против Тотенхем на 18 ноември. На местото на Мустафи, во дефанзивниот ред на „топчиите“ најверојатно многу поголема минутажа ќе добие ветеранот Пер Мертесакер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА