Шкотска не успеа да се пласира ниту во баражот за пласман на СП 2018, по што автоматски следеше отказ за селекторот на оваа репрезентација, Гордон Страхан. Стратегот што пред неколку дена ја посочи генетиката како главен проблем на својата нација денеска доби отказ, по ремито на дуелот во Словенија на кој Шкотите мораа да стигнат до цел плен.
„Уште од првиот ден како селектор на Шкотска кажав дека сакам да ги вратам насмевките на лицата на нацијата. Искрено жалам што не успеавме да се пласираме во баражот и сакам да им се заблагодарам на сите фудбалери за покажаниот карактер. Заедно минавме магични моменти и тие спомени ќе ги чувам цел живот“ – изјави Страхан при заминувањето од кормилото на националниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА