Јунајтед го наградува „Специјалниот“: Нов договор од 65 милиони фунти за Мурињо

Манчестер јунајтед ќе му понуди нов, петгодишен договор на Жозе Мурињо вреден 65 милиони фунти. Моменталната плата од актуелниот тригодишен договор на португалскиот стратег изнесува 10 милиони фунти по сезона, а раководството на „ѓаволите“ ќе ја награди неговата успешна работа со двојно поголема заработка.

Ова значи дека „специјалниот“ ќе се изедначи со платата на Пеп Гвардиола, менаџерот на Сити, која изнесува 13 милиони по сезона, поточно 250.000 фунти неделно. Заедно со Пеп, ќе бидат двајцата најплатени тренери во светот.

Мурињо го направи она што не им успеа на Дејвид Мојс и Луи Ван Гал по пензионирањето на сер Алекс, а тоа е да го врати Јунајтед меѓу најдобрите клубови во Англија и Европа. Минатата сезона не беа успешни во Премиер-лигата, но затоа по водство на Жозе, најтрофејниот англиски клуб се закити со три пехари, Лигата на Европа, Капитал купот и Комјунити шилд.

Оваа сезона е сосема различна приказна, авторитетот на Мурињо го направи своето. Стратегот го состави тимот во летниот преоден рок според своја замисла, па засега се и повеќе од конкурентни на сите фронтови. Благодарение на Мурињо, „театарот на соништата“ повторно го врати својот сјај, а фановите повторно се надеваат, но и ги очекуваат шампионските денови.

 

Се вчитува...