Капитенот на шпанската репрезентација, Серхио Рамос за време на престојот во Ерусалим во пресрет на мечот со Израел, се запозна со бебето кое се вика Рамос, според неговото презиме, син на израелски полицаец кој загина во терористички напад. Оваа средба била животна желба на таткото на бебето, Хајел Ситави, кој бил верен фан на Реал, а негов идол бил токму дефанзивецот.
Хајел имал две желби во животот, да го посети „Сантијаго Бернабеу“, и заедно со неговиот син да го запознат Серхио Рамос. 30-годишниот полицаец загинал три недели откако се родил неговиот син, па неговата фамилија решила да ја искористи шансата со доаѓањето на шпанскиот состав во Ерусалим, и да ја исполни последната желба на Хајел. Откако контактирале со фудбалската федерација, успеале да организираат средба со капитенот на “црвената фурија“, и така Рамос се запозна со малиот Рамос.
„Кога го видовме Серхио, не можев да се воздржам. Ми се вратија сите мемории на брат ми и неговиот сон да се запознае со големиот Рамос. Мило ми е што успеавме да му ја исполниме последната желба, иако Хајел веќе не е со нас“, изјави братот на загинатиот полицаец.
Рамос важи за еден од најсилните дефазивци, но емоциите не можеше да ги крие, оваа приказна допре до неговите чувства. Фудбалерот при средбата на „Теди Колер“ стадионот, подари опрема од шпанската репрезентација на семејството со негов автограм.
https://twitter.com/MadridistaCoil/status/917683857104752640?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.101greatgoals.com%2Fnews%2Fsergio-ramos-visits-family-terror-attack-victim-israel%2F
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА