АВ Охрид со пораз стартуваше во Втората јадранска лига

Екипата на АВ Охрид со пораз ја стартуваше сезоната во втората АБА-лига, откако гостинскиот состав на Борац Чачак славеше во салата „Билјанини извори“ со 82-62.

Избраниците на Петар Чочороски како да беа импресионирани од стартот на Борац, па за само неколку минути се најдоа во негатива која на моменти беше и двоцифрена. Охриѓани тешко стигнуваа до поени, па првиот период го загубија со 21-14.

Второто полувреме Охрид беше за нијанса подобро. Македонскиот претставник имаше свои обиди да се врати резултатски, но и втората четвртина ја загуби со 20 примени кошеви, па гостинскиот состав на паузата замина со предност од 8 поени (33-41).

normal_MEGA9832

Екипата на Охрид со нови сили во второто полувреме се најде во ситуација каде стигна и до првата предност на средбата, но серијата од 13-0 на Борац во неколку напади ги разреши сите надежи на „галебите“ за позитивен резултат на отворањето на Втората јадранска лига. Резултатот по три четвртини беше со двоцифрена предност на Борац од 51-61.

Кошаркарите на Борац ги контролираа завршните 10 минути од средбата во Охрид, до крајот стигнаа и до највисоки +20, што го означи и конечниот исход од мечот со резултат од 82-62.

За домашниот состав најефикасен беше Французинот Реми Бери со 21 поен, додека плејмејкерот Кенет Крег Рос забележа 13 поени и 2 асистенции. Од кошаркарите на Борац Чачак најмногу се истакна Марко Стојадиновиќ, кој оствари дабл-дабл учинок со 21 поен и 12 скокови. По него следуваа Илија Ѓоковиќ и Никола Песаковиќ со 14, односно 11 поени.

Се вчитува...