Германскиот првак Баерн Минхен ќе ја продолжи сезоната со Јуп Хејнкес како тренер на тимот, откако претходно се раздели со Италијанецот Карло Анчелоти, поради неочекувано слабите игри и резултати од стартот на шампионатот во Бундес-лигата и во ЛШ. Хејнкес си замина од баварскиот клуб по освојувањето на тројна круна, а сега се врати за да помогне, со договор до крајот на сезоната. Но, инсистираше за свој прв асистент да го доведе Петер Херман, кој беше предводник на лидерот во Втората Бундес-лига, тимот на Фортуна Диселдорф.
Интересно е дека Баерн Минхен за првиот асистент Петер Херман ќе плати отштета од фантастични 2 милиони евра. Според клаузулата, Херман можеше да си замине од Фортуна Диселдорф доколку клубот добие 1.750.000 евра, а дополнителни 250.000 евра ќе бидат исплатени и доколку овој второлигаш, кој сега се наоѓа на лидерската позиција, не успее да обезбеди пласман во елитата.
Додека одредени клубови не можат да си дозволат да купат и најголемо засилување за сума од 2 милиони евра, Баерн Минхен тоа го прави и за помошниот тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА