Арсенал на зима пак ќе се обиде со Арда Туран

Англискиот премиерлигаш Арсенал во зимскиот преоден рок повторно ќе се обиде на „Емирати“ да го доведе турскиот интернационалец Арда Туран. Менаџерот Арсен Венгер го посакуваше и изминатово лето, но Турчинот одлучи да остане на „Камп Ноу“, иако повеќе од евидентно е дека тој не се наоѓа во плановите на тренерот Ернесто Валверде.

„Топчиите“ најверојатно ќе останат без Алексис Санчез и без Месут Озил, па сега се во потрага по адекватни замени, кои би го задржале тимот во победнички ритам и во трка за освојување на една од позициите кои водат во Лигата на шампионите. Токму затоа Венгер ќе инсистира Арда Туран во јануари да се пресели во Лондон, и да го облече дресот на Арсенал.

Се вчитува...