Колумбија успеа директно да се пласира на Светското првенство во Русија следната година, откако одигра 1-1 против Перу на гости во последното квалификациско коло во Јужна Америка. На крајот „извиси“ Чиле, по убедливиот пораз од Бразил (3-0). Перуанците одат во бараж, со големи надежи дека и тие ќе се пласираат во завршницата на мундијалот.
Но, токму Чилеанците обвинуваат дека за време на натпреварот меѓу Перу и Колумбија, фудбалерите на двете селекции меѓусебно се договориле за нерешен резултат. Поведе Колумбија со голот на Хамес Родригез во 56.минута, а израмни Паоло Гвереро во 76.минута од средбата. А, потоа, откако го дознаа резултатот од мечот Бразил – Чиле, фудбалерите на двете репрезентации имале необично многу меѓусебни разговори на теренот. Во тоа предничел Радамел Фалкао, капитенот на репрезентацијата на Колумбија. Сепак, тоа е многу тешко за докажување…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА